ПравдаСветот на работникот

Ампева: 30 години на текстилните работнички им даваа 6 – 7,000 денари плата, трпаа богатство, правеа вили…

Кристина Ампева:
‼️“30 години им даваа на работничките од текстилната индустрија плата од некои 6 ,7000 денари, трпаа богатство, правеа вили, одеа по 10 пати на одмор.
🚫На крајот бремени жени се оставени без породилно, злоупотреби на државни средства.
⚠️ Не знаеме каде се, во некој нов џип очигледно, а институциите молчат. Овде имаме одговор само од трудовите инспекторат на кој рацете му се врзани, можат да пишат платен налог, прекршочна постапка, казна која е ниска и ќе се плати.
‼️Овде треба кривична одговорност!