СветСветот на работникот

Без нив не може: Ова се најбараните професии во време на рецесија

Американците стануваат сè повнимателни поради можноста од рецесија, па уште сега преземаат чекори за да ги стабилизираат личните финансии и да ја обезбедат својата деловна иднина во неизвесните времиња кои доаѓаат.
Како што се менуваат потрошувачките и деловните навики, одредени професии стануваат поотпорни на економските шокови од други.

Најстабилни професии

Во здравствениот сектор, меѓу најбараните и најстабилните професии ќе бидат медицинските сестри, лекарите, хирурзите и терапевтите. Побарувачката за овие професии нагло порасна за време на пандемијата и оттогаш не стивнува, истакнува економистот Кори Стејл од платформата за вработување Indeed.
Исто така, работниците во трговијата и логистиката ќе останат неопходни, особено во супермаркети и продавници што нудат основни прехранбени производи. Меѓу бараните работни позиции се касиери, магацински работници, товарачи и работници во синџирот на снабдување, пренесува CNBC.

Ако новите царински политики, како што се оние најавени од администрацијата на Трамп, ги зголемат цените, потрошувачите, според Стејл, веројатно ќе се фокусираат само на најосновното: „Можеби ќе ја смените храната што ја јадете, но основните потреби остануваат.“

Професии кои се под поголем ризик

Од друга страна, Стејл предупредува дека некои „помалку стабилни професии“ денес се меѓу популарните работни позиции, вклучително и развојот на софтвер и маркетингот.
Според податоците на Indeed, најсилниот пазар на труд моментално се наоѓа на југот на САД, каде бројот на огласи за работа е зголемен за 20% во однос на периодот пред пандемијата. Наспроти тоа, на западот и североистокот, особено во технолошкиот сектор, е забележан пад на вработувањата.

Дури 75% од сите нови работни места отворени во 2024 година доаѓаат од секторите за здравство и социјална заштита, државна управа и угостителство.
Наспроти тоа, бројот на работни позиции во развојот на софтвер е намален за дури 33% во споредба со периодот пред пандемијата. Исто така, државните служби веќе не се сметаат за „сигурно прибежиште“ – особено под актуелната политика на Трамп, тврди Стејл.

Оваа концентрација на можности за работа во неколку сектори довела до „расцеп“ на пазарот на труд, каде што позитивните просечни податоци не ја отсликуваат реалноста на мнозинството луѓе кои тешко наоѓаат работа.

Клучот е во развојот на вештини

Клучот е во развојот на вештини и зголемување на личната вредност во било која индустрија, без оглед на тоа дали не очекува рецесија.
И покрај растот на интересот за вештачка интелигенција, работодавачите сè уште вапат за работници со основни дигитални вештини, како што се работа во Excel и професионална комуникација преку е-пошта.

Извор: BIZLife