ЕкономијаМакедонија

Бензините поскапи за 2, дизелот за 1,5 денари

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на почноќ се зголемуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се зголемува за 1,50 ден/лит, реши денеска Регулаторна комисија за енергетика.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 ден/лит, а на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,510 ден/кг и сега ќе изнесува 52,294 ден/кг.

Со ова, литар моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 сега ќе чини 86 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88 денари, а дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) – 87 денари, масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 85 денари и Мазут М-1 НС – 52,294 (денари/килограм)

-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,350 отсто, кај дизелот за 2,503 проценти, кај екстра лесното масло за 2,674 проценти и кај мазутот намалување е за 0,222 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,225 отсто, објасни Регулаторна комисија.