(ВИДЕО) Ралповски: Не добивме покана од ССМ за протестот на 1-ви мај, но ние сепак ќе бидеме таму со наши барања
Бобан Илијевски
Снимател: Горан Андреевски
Сојузот на синдикатите на Македонија не испратиле покана до Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија за да присуствуваат на синдикалниот марш кој ќе се одржи на 1-ви мај. Ова за Порталот Работник го истакна првиот човек на КСС Благоја Ралповски.
„Тие се жалеа дека поканата за нашиот протест сме ја испратиле два дена пред да се одржи, а ние им ја испративме два дена откако се донесе одлуката за протестот на КСС. Но секако, ние како раководство на КСС ќе бидеме таму со барања за почитување на законите, но точно прецизирани, бидејќи чашата е прелеана“, рече Ралповски.
Тој посочи дека по социјалните мрежи може да се види дека протестот на нивниот братски синдикат ССМ е во насока на градење на капацитетите на државата, истакнувајќи дека КСС бара да се почитуваат законите и да се почитува работникот.

