Владините мерки не им се од помош на охридските занаетчии
Охридските знаетчии едвај сврзуваат крај со крај.И покрај мерките од владата малите занаетчии, , да плаќаат поевтина струја сè додека трае кризата сепак повеќето од нив оваа зима работат со скратено работно време за заштеда . Поголемиот број од нив не можат да ја покријат ни потршувачката кошница со прометот кој го остваруваат во текот на месецот.
Занаетчиите велат дека трошоците се огромни како за сметки така и за кирии а потрошувачката мала овој период во градот.
Старата чаршија, во минатото беше симбол на занаетчиството во градот но за жал од година во година бројот се намалува ,од регистрираните 280 пред неколку години моментално има 225 занаетчии.
Извор: Сител

