ВМРО – ДПМНЕ: И тоа малку што го дава на стопанството и граѓаните, власта потоа тројно ќе го наплаќа преку зелена такса и зелен данок
Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов
Розовите очила не му дозволуваат на Костадин Костадинов да ја види реалноста, а реалноста е поразителна. Мерките кои ги носи Владата на Заев се нецелосни или задоцнети, а реализацијата најчесто е третина од планираното. Затоа стопанството тоне, економијата колабира, а економскиот стандард на граѓаните е во слободен пат.
Впрочем, Владата и тоа малку што го дава на стопанството и граѓаните им го наплаќа потоа двојно или тројно. Заради лошите економски политики на граѓаните им воведува арач од 4 денари за секое литро гориво, кое го нарекува еколошка такса, а најавува и нов зелен данок кој во услови на криза уште повеќе ќе ја влоши состојбата.
Поради погрешните политики на власта на Заев само лани 6,200 компании ставија клуч на врата, имаме 60 илјади нови невработени, а близу 600 илјади лице живеат во сиромаштија. Долгот рапидно го искачија на 7 милијарди евра, а секое просечно семејство го задолжија за 4,800 евра нов долг.
Толку од успешноста на економските политики на оваа неспособна и корумпирана власт.
Доста е од економските катастрофално лоши политики. Време за Македонија за сите луѓе!

