Во Валандово одбележан Денот на пожарникарството
По повод Денот на пожарникарството – 20 мај, денеска во посета на ТППЕ Валандово беше градоначалникот Перо Костадинов кој на пожарникарите им го честиташе денот со изрази на благодарност за нивниот пожртвуван пристап при вршењето на работните задачи и досегашниот целокупен професионален придонес.
-Општина Валандово постојано инвестира во територијалната противпожарна единица,го подобрува нејзиниот кадровски потенцијал, ја зајакнува нејзината техничка опременост и го унапредува статусот на секој пожарникар затоа што таа ги штити човечките животи, нашите материјални добра и симболизира подршка и сигурност на граѓаните при секоја непогода,истакна градоначалникот Костадинов.
Покрај ова, посочи Костадинов,за краток временски период, за брзо и ефикасно дејствување во случај на пожари, валандовската единица, како донација,ќе добие специјализирано возило од операцијата „Флоријан“ и нова професионална опрема за секој припадник на ТППЕ Валандово.

