ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Во која дејност има најмногу вработени?

Бобан Илијевски

Најмногу пополнети работни места има во преработувачката индустрија. Според големина на компании, најмногу вработени има во големите компании, а според регион, најмногу вработени има во Скопскиот. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за бројот на пополнети работни места во првото тромесечје од 2021 година.

Имено, според дејностите, најмногу вработени има во преработувачката индустрија – 113,488 и трговија на големо и трговија на мало – 86,594 пополнети работни места. Додека најмалку има во дејности во врска со недвижен имот – 1,814 и други услужни дејности  – 4,601.

Извор: Државен завод за статистика

Податоците на ДЗС покажуваат дека најголем број на пополнети работни места има во големите компании, иако тие се застапени во многу помала бројка од микро и малите компании на територијата на Македонија. Најмногу вработени има во компаниите од 250 и повеќе вработени – 151,496, потоа следуваат компаниите со од 50 до 249 вработени во кои имало 134,826 пополнети работни места. Од 10 до 49 – 111,426 вработени и микро или малите компаниите со од 4 до 9 вработени имале 92,400 пополнети работни места.

Извор: Државен завод за статистика

Државниот завод за статистика дава и податоци за тоа колку работни места се пополнети гледано според региони. Оттаму, најмногу вработените во првото тромесечје од 2021 година имало во Скопскиот регион – 257,922 и Пелагонискиот регион – 46,139 вработени. Од друга страна, најмалку вработени имало во Североисточниот регион – 20,631 и Полошкиот регион – 20,429 вработени.

Извор: Државен завод за статистика

Фото: Freepik