Вработени во ЈП „Лопушник“ незаконски дале дозвола за сеча на дрва, МВР им поднесе кривична пријава
Пријавените, вработени во Шумското претпријатие „Лопушник”, ја злоупотребиле својата службена положба и овластување и бесправно изготвиле службена документација за сеча на 167 метри просторни огревно дрво и ја издале на физичко лице од Прилеп.
Со тоа, велат од МВР, осомничените предизвикале штета на Јавното претпријатие „Национални шуми” од 769.300 денари.

