Вработените во Филхармонија повторно на протест, бараат премиерот да се вклучи во решавање на ситуацијата
Вработените во Филхармонија на РСМ најавија дека денеска во 13 часот ќе одржат протест пред Владата на Република Северна Македонија.
Како што велат, со протестот бараат од премиерот да се вклучи во решавање на проблемот и со тоа на следната седница Владата да се заложи за промена на адресата на новоформираната институција.
„По протестите пред Министерството за култура кое донесе штетна одлука без наше знаење и зад затворени врати, продолжуваме со протести и пред Владата и бараме итна средба со премиерот за побрзо надминување на проблемот во кој сме втурнати без наша вина. Бараме државата да не заштити и со тоа и на дело да покаже дека ја почитува и цени својата традиција и култура“, стои во најавата од Синдикалната организација на Филхармонија на РСМ.
Повеќе на РадиоМОФ

