ПравдаСветот на работникот

Гласен Текстилец: Веднаш да бидат повлечени мерките кои задираат во човековата слобода

РЕАКЦИЈА ОД ЗЗРП ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ ВО ОДНОС НА НОВИТЕ ПРЕДЛОГ МЕРКИ НОВИТЕ ПРЕДЛОГ МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ШИРЕЊЕ НА ВИРУСОТ КОВИД 19 ПРЕДЛОЖЕНИ ОД СТРАНА НА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ❎
 
📝Во врска со денешните предлог мерки од страна на Комисијата за заразни болести во делот за спречување на ширење на вирусот Ковид 19 кои се однесуваат за сите вработени во јавниот сектор, односно вработените во локалната самоуправа, во државните институции, при одење на работно место ќе мора да прикажат потврда за примена најмалку една доза вакцина или пак, да имаат негативен ПЦР тест направен сопствен трошок, Здружението смета дека истите се косат со позитивните прописи и меѓународни стандарди за човекови права.
 
🗣Здружението Гласен Текстилец најостро се спротивставува на овие предлог мерки и укажуваме на Владата на РСМ да не ги усвојува бидејќи самата предлог Одлука за задолжително вакцинирање на вработените од јавниот сектор е неуставна и противзаконска т.е. спротивна на чл. 9,10,11 и 27 од Уставот, спротивна на членовите 6,7,14 и 25 од Законот за заштита на правата на пациентите и спротивна на членовите 8,9 и 12 од Законот за спречување и заштита од дискриминација.
 
✅Бараме веднаш да бидат повлечени овие мерки кои задираат во човековата слобода и дејствување, бидејќи во спротивно ќе биде покрената иницијатива за оцена на уставноста и законитоста пред Уставниот суд на РСМ како и повик за протест до вработените и од јавен и од приватен сектор против ваквите мерки.