СветСветот на работникот

Ако работите во Германија, ова морате да го знаете: Се воведува нов пакет мерки, повеќе ништо нема да биде исто

Германската министерка за труд Бербел Бас вчера изјавила дека земјата планира да ја засили борбата против експлоатацијата на странски работници и злоупотребата на социјалните давачки, со зачувување на принципот на слободно движење низ Европската унија.

Бас рекла дека Германија зависи од квалификувани странски работници за да го ублажи недостигот на работна сила и дека правилата на ЕУ кои на граѓаните на Унијата им овозможуваат да се вработат во другите земји членки со минимална бирократија и понатаму е од големо значење за Германија, пренел Ројтерс.

Меѓутоа, како што навела, поединци ги злоупотребуваат тие правила за експлоатација на ранливи работници и организирани измами и затоа новиот пакет на мерки е осмислен по консултација со општините кои укажале на проблемите.

Според планот, надлежните органи ќе ја унапредат размената на податоци помеѓу службите за полесно да ги откриваат и спречуваат злоупотребите, да ги затвораат правните „дупки“ и да ја подобрат административната координација.

Општините би требало да добијат поголеми овластувања за делување против т.н. „неквалитетни објекти“, кои често се поврзуваат со пренаселеност или неадекватени услови за живеење на работниците мигранти.

Сојузната агенција за вработување ќе добие поголеми овластувања работодавачите да ги смета за одговорни доколку се потпираат на непријавена работа.

Со новите мерки предвидено е и прекинување на исплатата на основните социјални давачки на лице за кој е распишан правосилен налог за апсење.

Извор: Telegraf Biznis