ПравдаСветот на работникот

Гласен Текстилец: Работодавачот неосновано и незаконски задржал задршка од плата на работниците

Фејсбук статус на Гласен Текстилец:

🔴По барање на “ГласенТекстилец” беше извршен инспекциски надзор од страна на Државниот трудов инспекторат во конфекција МОРНАР ТЕКС-ВС Неготино по претходно добиени сознанија од страна на работниците/чките дека работодавачот им исплаќал под минимална плата на работниците за месеците јули, септември и октомври 2020 година.
📌Воедно, работодавачот користел државна помош и поради сомневања дека истата помош е злоупотребена од негова страна, правниците од “Гласен Текстилец” ја известија УЈП за кое се надеваме дека од Управата за јавни приходи ќе бидат поведени соодветни постапки.
❌По извршениот инспекциски надзор од страна на ДИТ, се констатирани повеќе неправилности и недостатоци во работењето на работодавачот.
❌Работодавачот неосновано и незаконски задржал задршка од плата на работниците/чките за месеците јули, септември и октомври 2020 година, работодавачот до месец декември 2020 нема водено уредна електронска евиденција за работно време и истиот нема изготвено одлука за работно време.

Текстилни работници – Работник

📣Донесено е решение со изречена инспекциска мерка и со задолжување неправилностите при работењето да се оттстранат на тој начин што работодавачот да ги надомести платите за месеците јули, септември и октомври 2020 година, а со решение од страна на надлежниот трудов инспекторат електронската евиденција за работно време е ставена во функција.
✅Ова е уште една ефикасна и успешна соработка со ДИТ и со ова ги охрабруваме работниците/чките да продолжат да пријавуваат неправилности и незаконитости во работењето на работодавачите.