Занимливости

Да соберме средства за автомобил за потребите на Донирај Компјутер, за повеќе деца да добијат компјутери

Фејсбук статус на Кристина Ампева:
Друштво, Борче направи за нашите деца повеќе од било која институција. Сега ние му требаме на Борче, уствари, пак е за децата, не е за него. Преку донации да собереме средства за автомобил кој и те како е потребен на иницијативата Донирај компјутер.
‼️Во меѓувреме, ЗАМОЛУВАМ оние политичари, директори кои ме имаат на фб, еднаш да се огласат и не е ништо тешко да се даде една кола на еден човек кој се труди со години да помогне и кој направи повеќе од било кој функционер кои трошат народни пари. Имаме конфискувани возила и може едно да дадат. На крај, трошат наши пари за купување на луксузни коли за функционери, без наша дозвола. Така да, очекувам некој да достави автомобил до Борче. Ние ќе собереме пари, не е спорно, ама еднаш обелете си образот пред нас, народот.
Фала на внимание.
Во меѓувреме, другари, ајмо донации. ✊