ПравдаСветот на работникот

Дали е според Закон трансформирањето на работниот однос од неопределено на определено време

Трансформирање на работниот однос од неопределено на определено време. Дали е законски?
Корона кризата го наметна ова прашање, ние одговараме: да, законски е доколку самите потпишете таква спогодба.
Тимот на Јуридика секојдневно се обидува да ги доближи (и разјасни) правата и обврските од работен однос со вас, па доколку нè следите веројатно веќе ги знаете повеќето одговори. Но, да се вратиме на прашањето. Доколку вашиот работодавач ви даде договор за трансформирање на работниот однос од неопределено на определено време, и вие потпишете (без разлика дали ве принудува, се заканува, или не), тој договор е законски.
Треба да знаете дека немате обврска да потпишувате договори со кои не се согласувате, а во никој случај не потпишувајте ниту бланко документи.
Кога се вработувате, земете си задолжително примерок од договорот и евентуално други документи ако потпишувате за да ги имате како доказ доколку ви е повредено некое право. Ве разбираме дека стравот да се остане без приход знае да не надвладее, но секогаш обидете се да размислувате рационално и за сопствено добро.