ЕкономијаСветот на работникот

Дали ќе се одврти спиралата на раст на цените и платите?

Инфлацијата паѓа насекаде во светот, а, од друга страна, има притисок од работниците за зголемување на платите со цел да им се надомести падот на куповната моќ предизвикан од поскапувањата, анализира Политика.рс.

Заработката се зголемува побавно од цените и нивното зголемување доцни. Во еврозоната лани, реално паднаа за околу 5%, и се зголемува притисокот на вработените да ги зголемат платите за да се надомести загубената куповна моќ. Се очекува во следните две години работниците од еврозоната да се обидат да ја вратат вредноста на платите на нивото пред пандемијата, што би значело дека платите треба да се зголемат за 14% до крајот на 2025 година – пишува „Политика.рс“.

Во овие региони има значително искуство со инфлацијата и сите знаат дека цените никогаш не се вратија на претходното ниво, а стандардот на граѓаните е „вратен“ со зголемување на платите. Оттука се поставува прашањето дали ќе има спирала на раст на цените и на платите?