Две негувателки позитивни – 22 деца завршиле во изолација
Две негователки се позитивни на коронавирус во Кавадарци, вработени во различни објекти од градинка, во изолација се 22 деца и четворица вработени, заболен е и еден здравствен работник, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Центарот бележи и две починати лица, на 66 и 81 година.
Потврдени се нови 28 случаи позитивни на коронавирус. Во Кавадарци 16, Росоман 2, Неготино 6 и 4 лица во Демир Капија. Тие се на возраст од 17 до 79 години.

