ЕкономијаМакедонијаПравда

Николовски: Власта предвидува 20 милиони евра за вработувања во администрацијата, наместо во борба против коронавирусот

Во буџетот за 2021 година, власта предвидува 20 милиони евра за партиски вработувања во администрацијата, рече потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ Александар Николовски во вчерашната емисија „Што не е јасно“ на Алфа ТВ.

„Не предвидуваат пари за амбулантни возила. не предвидуваат пари за респиратори, не предвидуваат пари за нови Ковид  одделенија, но за нови вработувања предвидуваат 20 милиони евра предвидуваат“, рече Николовски. 

Тој посочи дека 22 милиони евра предвидуваат за ситни набавки, како столици, тонери, печатари, компјутери итн и оттаму тој прашува зошто е потребно да се одвојат толку пари за вакви работи, а да не се потрошат за медицински материјал.