ЕкономијаМакедонија

Пад на товарниот патен транспорт за 26,8 % во третото тромесечје на 2020, во однос на истиот период лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2020 година, во патниот патнички превоз, бројот на превезените патници изнесува 638 илјади, во градско-приградскиот превоз 9 186 илјади, во железничкиот превоз 68 илјади, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 199 184.

Во третото тримесечје од 2020 година, во споредба со третото тримесечје од 2019 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 26.8 %, во железничкиот превоз е зголемено за 4.4 %, додека во воздухопловниот превоз е намаленo за 40.1 %.