МакедонијаСиндикат

Денеска започна обуката на 20 македонски наставници за вештачка интелигенција

Фејсбук статус на Претседателот на СОНК:

,,Вештачката интелигенција во служба на наставникот” – работилница бр.1
Денес започна обуката на 20 македонски наставници од средните училишта за ВИ. Македонскиот тим на AI Navigators: Empowering Teachers for the AI Era е подготвен да го започне своето патување низ светот на ВИ писменоста и иновациите во образованието.
Нашите Навигатори од Македонија,
Зенафер Бајмак Грозданов,
Зорица Јанкуловска,
Игор Христов и
Мирослав Цветковски, се професионалци со силна желба за споделувања на своите знаења, за учење, експериментирање и оформување нови практики во наставата.
Наставниците ја имаат силната поддршка од претседателот на СОНК, Јаким Неделков, кој истакнува дека овој проект пристигнува во вистинскиот момент, токму кога образованието најмногу има потреба од промислено и современо вклучување на вештачката интелигенција во наставниот процес.
Билјана Лотеска, како национален координатор на проектот, со големо задоволство ја води оваа група наставници во процес што ќе трае во следните 6-8 месеци, во рамките на кој ќе:

  • ја следат програмата за ВИ писменост,
  • ќе работат со менторска поддршка,
  • ќе испробуваат ВИ алатки во својот наставен дизајн,
  • ќе ги развиваат своите вештини преку 12те е-видеа-серија на проектот.
    Нашиот тим од денес, понеделник започнува активно да го гради својот пат, со јасна цел да внесе нови, современи и етички промислени ВИ практики во македонските училници. Она што го прави овој тим на ВИ Навигатори навистина посебен е нивната длабочина на знаење и умешноста со која ја користат вештачката интелигенција во наставата, споделувајќи со 20те присутни наставници богатство од алатки, апликации и практични примери што веднаш можат да се применат во училница, а денес и сите наставници беа вмрежени во Microsoft.
    Проектот AI Navigators, започна во 2024 со партнерство меѓу пет земји (Македонија, Белгија, Бугарија, Хрватска и Србија) и воден од СОНК, продолжува да ја гради својата европска мрежа на наставници подготвени да го обликуваат учењето на иднината.
    Нашиот тим е повеќе од подготвен-почнуваме да навигираме! 🚀💙