ЕкономијаМакедонија

Дизелот поевтинува за 4 денари – ова се новите цени на горивата

Од вечерва на полноќ стапуваат на сила новите цени на горивата. Регулаторна комисија ги соопшти новите цени, и донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,78%во однос на одлуката од 4.5.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 0,444%, кај дизелот за 6,073%, кај екстра лесното масло за 6,495% и кај мазутот има зголемувањето за 0,791%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1199%.

Од 12.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин          ЕУРОСУПЕР БС – 95                     85,00  (денари/литар)

Моторен бензин          ЕУРОСУПЕР БС – 98                     86,50  (денари/литар)

Дизел гориво               ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                89,50  (денари/литар)

Масло за горење        Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                    94,00  (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                   49,968 (денари/килограм)

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 4,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 4,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,248 ден/кг и сега ќе изнесува 49,968 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 12.5.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.