Доделена парична помош за првороденото дете во М.Каменица
Општина Македонска Каменица ја продолжи традицијата на доделување парична помош за првороденото дете во годината. Сумата од 20 илјади денари денеска од страна на градоначалничката Соња Стаменковска им беше доделена на семејството Трајановски кои имаа среќа нивната ќерка Хана, да биде првородено во општина Македонска Каменица во 2020 година, пишува Iportal.

