Вести

Еве како успешно да ви помине првиот ден на работа, ова се 4 совети кои ќе ви помогнат

На првиот ден на работа луѓето често се чувствуваат како на првиот ден на училиште. Возбудени се поради промената, но и нервозни поради новите лица и поголемите одговорности. Низ глава им поминуваат различни прашања: Дали ќе се согласувам добро со колегите? Дали ќе можам добро да ја извршувам работата? Ќе му се допаднам ли на шефот?

Првиот ден (дури и недела) на работа е физички и ментално најнапорен, па поради тоа би требало подобро да се подготвите за него. Еве кои четири совети ги нуди веб страната wisebread.com:

Испланирајте го патот до работа

Можеби и знаете точно како да стигнете до новото работно место, но сообраќајот знае да биде непредвидлив, особено наутро, па затоа е важно добро да се испланира патот.

Неколку дена пред да започнете на работа, тестирајте го патот од кај вас до работното место, за да видите колку долго треба да се патува. Патот до работа испробајте го во време кога планирате да излезете од дома за на работа. На тој начин ќе добиете најточна претстава за условите на улиците. Можеби попладне до работа ќе ви требаат 15 минути, а наутро, кога е гужва – половина час. 

Со оглед на тоа што не сакате да доцните на првиот ден, не е лошо да го испробате патот во случај на застој на истиот. Добро е и да ги известите вашите пријатели дека ви е прв ден на работа, за да во случај ако вашето возило има проблем или пак доцни јавниот превоз, да ве префрлат до на работа. Никој не сака луѓе што доцнат.

Внимавајте на облекувањето

Првиот ден на работа е доволно стресен сам по себе, не сакате да си ја зголемувате нервозата со тоа што ќе се облечете несоодветно. Дознајте каков е стилот на облекување во компанијата, дали атмосферата е авторитетна и сериозна или лежерна и креативна.

Можеби ќе ви биде непријатно ако одите во опуштена компанија облечени во одело и вратоврска, а уште полошо е ако на сериозно место отидете несериозно облечени. На разговорот за работа добро запазете што луѓето носат на себе, а ако не сте сигурни што да облечете, немојте да се плашите да го прашате шефот за правилата на облекување кои важат во компанијата.

Поврзете се со колегите на LinkedIn

Пребарајте ја вашата компанија на LinkedIn и прочитајте ги профилите на вашите нови колеги – и додајте ги во својата мрежа. Ако однапред дознаете како изгледаат, како се викаат и кој степен на образование имаат, ќе биде помалку страшно да отидете првиот ден на работа. Ќе имате чувство како да веќе ги познавате и побрзо ќе им ги запаметите имињата.

Научите како да се претставите на првиот работен ден

Некои луѓе по природа се отворени, зборливи и можат да се спријателат со сите. Ако вие не сте таков вид на личност, извежбајте како добро да се претставите и научете да воспоставувате обичен разговор пред да одите на работа.

Зависно од големината на компанијата, можеби ќе запознаете 5,10,20 или дури 30 нови луѓе во неколку часа. Најверојатно ќе се сретнете со колеги крај апартот за вода, во лифтот, а можеби и ќе одите на ручек со колегите веќе на првиот ден. Би било добро да знаете да речете повеќе од „Мило ми е“.

На првиот ден можете да ги прашате луѓето колку долго се во компанијата, што точно работат и било што друго повразно со работата. Одговорите на овие прашања ќе бидат малку повеќе од „да“ или „не“ и можат да иницираат квалитетен разговор. По неколку денови, ќе можете веќе да зборувате за филмови, музика и други разни интереси. Немојте да се затворите.

Извор: Stratego/Blic.rs

Фото: Unsplash

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk