Вести

Интервју со Александар Димитријевиќ: Во Македонија можеш да имаш пари, а пак да си сиромашен

Предлогот на Владата за усогласување на платите и неприфаќањето од страна на дел од синдикатите и потрошувачката кошница и моделот којшто го имаат европските земји, беа дел од темите на коишто разговаравме во аудио интервјуто со адвокатот и Координатор на Трудовиот сектор на Левица, Александар Димитријевиќ.

„Работникот се третира како продукт, а не како живо битие“, беше една од речениците кои ги употреби на почетокот од нашиот разговор. Неговиот став се должи на тоа што Владата преку последниот предлог упатен до синдикатите за зголемување на платите, изнаоѓа ад-хок решенија кои не се во насока на зголемување на стандардот.

Низ разговорот се отвори и темата за сиромаштијата со која се соочуваат работниците.

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk