Каде живеат најмногу ултрабогати Европејци и кои се новите рекордери?
Да се биде богат е една работа, но да се биде „ултрабогат“ (UHNWI) подразбира поседување на нето имот од најмалку 30 милиони долари. Според најновиот извештај на Knight Frank’s Wealth Report 2026, овој ексклузивен клуб во Европа расте со неверојатна брзина, за последните пет години бројот на членови скокнал за 26 %.
Денес во Европа живеат речиси 184,000 луѓе кои го исполнуваат овој критериум, што сочинува четвртина од вкупната светска популација на ултрабогати.
Германија на врвот, Лондон губи здив
Кога станува збор за апсолутни бројки, Германија е неприкосновен лидер. Со преку 38,000 ултрабогати поединци, таа е на тронот на Стариот континент, а само во последните пет години на списокот додала повеќе од 9,000 нови мултимилионери.
Еве како изгледа топ листата на европски „метрополи на капиталот“:
- Германија: 38,215
- Велика Британија: 27,876
- Франција: 21,528
- Швајцарија: 17,692
- Италија 15,433
Интересно е што Британија, иако и понатаму е на второ место, забележуваат најбавен раст меѓу големите економии (севкупно 12 %), додека Шпанија и Турција забрзано се качуваат на скалите.
Полска и Романија ги „дуплирале“ богаташите
Иако Германија и Франција се центри на моќ, најголем процентуален скок се случил таму каде што многумина не се надевале. Полска е апсолутен рекордер – бројот на ултрабогати во оваа земја пораснал за неверојатни 109 %.
Веднаш зад неа се Турција (94 %) и Романија (93 %), додека Грција, Чешка и Португалија забележале раст поголем од 50 %. Овие податоци сугерираат дека богатствто географски се шири и дека економската слика на Европа забрзано се менува во корист на брзорастечките економии од истокот.
Данокот и политиката го бркаат капиталот преку граница
Лиам Бејли, шеф на истражувањето во Knight Frank, истакнува дека сме сведоци на една од најзначајните промени во распределба на богатство во модерната историја. Главните движачи на оваа мобилност се:
- Даночни притисоци: растечките даноци во матичните земји.
- Регулатива: Построги правила на работење.
- Политички ризици: Потрага по сигурни јуридистикции.
Ултрабогатите повеќе не ги држат парите во една земја. Наместо тоа, своите животи и капитал ги организарираат низ повеќе држави, користејќи ги семејните канцеларии (family offices) за активно управување со ризици и животен стил.
Додека САД и понатаму доминираат со преку 387,000 ултрабогати, Европа останува клучно засолниште за капиталот, но со нови играчи на истокот кои полека го менуваат одност на сили.
Извор: BIZLife.rs/K.J.

