Занимливости

Што се случува во мозокот додека сме без свест?

Мозокот продолжува да го обработува јазикот дури и додека телото е под анестезија и во несвесна состојба. Иако лицето е без свест, некои делови од мозокот остануваат активни и можат да го препознаат и да го обработат јазикот, а невронските кругови продолжуваат да кодираат и да реагираат на дразбите, покажува истражување објавено во списанието Nature, пренесува Euro News.

„Нашите наоди покажуваат дека мозокот е значајно поактивен и поспособен во текот на несвесна состојба отколку што досега се мислеше“, рекол Самеер Шетх, ко-автор на студијата од Медицинскиот факултет Baylor. „Дури и кога пациентите се под потполна анестезија, нивниот мозок продолжува да го анализира светот околу себе.“

Како е спроведено истражувањето

Научниците проучувале седум пациенти кои биле подолжени на операции на епилепсија поради отстранување на дел од слепочниот лобус за да се контролираат нападите. Користејќи сонда Neuropixels – ситни силиконски игли – тимот собирал податоци за тоа како мозокот го обработува звукот и јазикот без свест.

Мозокот предвидувал зборови и во несвесна состојба

Во првиот тест пациентите слушале низ идентични тонови кои повремено ги прекинувал поинаков тон. Околу 71 % од невроните реагирале на звук, што сугерира дека мозкот ги регистрирал пуштените тонови, а 25 % не реагирале на различни тонови. Истражувачите откриле дека способноста на мозокот да ги детектира овие невообичаени звукови со текот на времето се подобрила.

Во друг експеримент научниците на четворица пациенти им пуштале подкасти. Откриле дека мозокот го обработува говорот во реално време, реагирајќи на поединечни зборови и различни елементи на говорот. Исто така утврдиле дека мозокот, дури и во несвесна состојба, бил способен да ги предвиди претстојните зборови на темел на претходен контекст.

„Овој вид на предикитивно кодирање го поврзување со будноста и вниманието, а сепак се случува и во несвесна состојба“, рекол Бенџамин Хајден, професор од Медицинскиот факултет Baylor.

Авторите на студијата напоменале дека потребни се дополнителни истражувања за да подобро се разбере активноста на мозкот под анестезија и дали може нивото на невронска активност воочена во студијата да се пронајде и во текот на спиењето или други несвесни состојби.

Извор: Index.hr