Занимливости

Сметките за струја би можеле да бидат помали: Пристигнува голема промена за домаќинствата?

Научниците работат на нов вид на соларна технологија која би можела во потполност да го промени начинот на кој ја добиваме електричната енергија, бидејќи наместо класични соларни панели на крововите, енергијата би можела да се „собира“ преку обични прозорци.

Идејата е стаклото повеќе да не биде само прозорец низ кој гледаме, туку и површина која „фаќа“ сончева енергија и ја претвора во струја, и тоа без поголеми промени во изгледот на објектите, што оваа технологија ја прави посебно интересна.

Овие нови соларни системи се дизајнирани на начин да бидат речиси невидливи, па прозорците изгледаат како обични стакла, без темни панели или дополнителни слоеви кои би можеле да ја нарушат естетиката на објектот. Луѓето и понатаму би имале потполно јасен поглед низ стаклото, додека дел од сончевата светлост во позадина би се претворала во електрична енергија.

На тој начин технологијата функционира незабележливо, без промени на секојдневниот изглед во кој се живее и работи. Се работи за специјални материјали кои можат да апсорбираат дел од сончевото зрачење и да го претворат во енергија, додека остатокот од светлината поминува низ стаклото како и обично. Така се добива баланс помеѓу функционалноста и естетиката, бидејќи прозорецот останува транспарентен, истовремено станувајќи мал соларен генератор. Ова претставува голем напредок во однос на класичните панели кои заземаат простор и визуелно ја менуваат зградата.

Една од најголемите предности на оваа технологија е што не изискува дополнителен простор, што е посебно важно во големите градови каде кровните и слободните површини се ограничени. Наместо да се бараат нови места за соларна инсталација, се користат постоечките стаклени површини, па зградите сами стануваат дел од енергетскиот систем, без големи градежни зафати.

Технологијата би можела да има примена и во автомобилската индустрија, бидејќи стаклата на возилата би можеле да придонесуваат на полнењето на батеријата во текот на возењето или додека возилото е паркирано на сонце. Иако тоа не би го заменило класичното полнење, би можело да го зголеми дофатот и да ја намали потрошувачката на енергија, посебно на подолги релации. Така секој автомобил би имал дополнителн, невидлив извор на енергија кој работи во позадина.

Извор: b92.net