СветСветот на работникот

Каде се највисоките плати во Европа и кои се најбараните професии?

Анализата на податоците за платите од Велика Британија, Германија, Франција и Холандија, спроведена од „Euronews Business“ во соработка со платформата за вработување Indeed, открива кои професии и сектори моментално носат најголеми приходи, пренесува BIZlife.rs

Здравството убедливо доминира

Медицинските занимања, како што се консултанти, радиолози, стоматолози и ортодонти, се најплатени во сите анализирани земји. Во Велика Британија, дури половина од 20-те најплатени работни места припаѓаат на здравството, додека во Франција три од четирите водечки позиции ги заземаат токму стоматолозите и техничарите.

Високи заработки во менаџментот и ИТ

Директорските позиции, како што се генерален директор, директор за стратегија и ИТ директор, носат високи плати, особено во банкарството, технологијата и продажбата. Во Германија и Холандија, ИТ експертите – како што се софтверски инженери и SAP консултанти, бележат огромни заработки, често над 90.000 евра годишно.

Искусни продавачи и правници заработуваат како ИТ експерти

Високи плати имаат и раководителите во продажба (на пр. директори за продажба и менаџери за клучни клиенти), особено во Германија и Холандија. Исто така, правниците, даночните консултанти и финансиските контролори во Велика Британија и Германија спаѓаат меѓу најплатените професионалци.

Преглед по држави:

  • Германија: Најплатени се советниците за корпоративни даноци (145.000 €), потоа директорите за продажба (до 138.000 €), адвокатите за работно право (105.000 €) и SAP експертите (~95.000 €). Интересно е што стоматолозите се единствените здравствени работници меѓу топ позициите, со околу 86.000 € годишно.
  • Франција: Стоматолозите (95.000 €), а по нив следат ортодонти, ИТ архитекти и медицински техничари. Многу раководни и продажни позиции се движат околу 60.000–70.000 €.
  • Велика Британија: На врвот на листата изненадувачки се – манекенки и манекени (166.000 €). Зад нив следат медицински консултанти, директори и специјалисти (од 109.000 до 145.000 €). Сепак, меѓу најдобро платените се и ИТ директори и микробиолози.
  • Холандија: Генералните директори заработуваат најмногу (115.000 €), а следат контролори, тим лидери и софтверски инженери. Во просек, техничките и продажните занимања носат помеѓу 56.000 и 66.000 € годишно.

Дипломите од познати универзитети можат да помогнат, особено во Велика Британија и Франција, но трендовите покажуваат дека во ИТ и областите на наука за податоци сè повеќе се вреднуваат вештините, а не дипломата.

Во наредните 5 до 10 години се очекува раст на платите во области како што се зелена енергија, вештачка интелигенција, сајбер безбедност и биотехнологија. Нови занимања како AI етичар, инженер за генеративна AI и аналитичар за климатски податоци стануваат сè по-барани и по-платени.