КАКО ВАШАТА ПАУЗА НА РАБОТА ДА РАБОТИ ЗА ВАС: СЛЕДЕТЕ ГИ ОВИЕ СЕДУМ ЧЕКОРИ
Со правењето паузи на работа можете да ја зголемите концентрацијата, што доведува до раст на продуктивноста. Освен тоа, го ублажувате и стресот, со што го штитите и своето ментално здравје, велат истражувањата. Ова посебно се однесува на т.н. седентарни работни места, односно работните места кои не предвидуваат физичка активност, а кои носат поголем ризик по кардиоваскуларниот и метаболичкиот систем, како и ризик од прерана смрт, покажало истражувањето од Универзитетот во Тексас, па експертите издвојуваат седум совети како подобро да ја искористите паузата на работа.
Препознајте го својот работен ритам
Секој има свој единствен работен ритам – време кога најмногу е фокусиран и време кога е најмалку продуктивен. Затоа, обратете внимание на својот работен ритам, т.е. следете го своето ниво на енергија во текот на неделата. Паузата планирајте ја за време кога ќе ви се случи природен пат на енергијата, што ќе ви овозможи да се приспособите на својот природен ритам.
Користете ја Помодоро методата
Помодоро методата е техника за управување со времето со која можете да ги структуирате вашите паузи. Таа подразбира дека по 25 минути работа имате пет минути пауза. После четири вакви циклуси (25 минути работа и пет минути пауза), земете подолга пауза во траење од 15 до 30 минути. На овој начин ќе ги одржите концентацијата и нивото на енергија.
Вклучете физичка активност
Во текот на паузата обидете се да вклучите некој облик на физичка активност, како што се истегнување, брза прошетка или дури некоја поза на јога. Преку физичката активност се раздвижува циркулацијата на крвта, со што на мозокот му се овозможува повеќе кислород. Ова ќе ви помогне да го намалите ризикот од појава на здравствени проблеми поврзани со долгото седење. Освен тоа, на одредено време се одвојувате од работата, што е ментално освежување.
Вежбајте свесност
Паузите се одлична шанса за вежбање на свесноста, што може да биде нешто едноставно како фоскусирање на начинот на дишење. Тоа ви помага во намалување на стресот, подобрување на менталнта состојба, како и ви помага во тоа на работните задачи да се вратите помирни и пофокусирани. Можете да испробате и кратка медитација во текот на подолгите работни паузи.
Исклучете се потполно
Потрудете се паузата навистина да биде пауза. Тоа значи потполно да се оддалечите од своето работно опкржување. Избегнувајте да ги проверувате пораките или мејловите. Целосното исклучување е од суштинско значење за вашиот ум да се одмори, за да може да се регенерира и да биде освежен.
Грижете се за своето тело
Паузите искористете ги за хидратација и консумирање на хранливи грицки. Хидратацијата и добрата исхрана се неопходни за одржување на енергијата, функциите на мозокот и општото здравје. Имајте на ум дека целта е да го наполните телото со енергија, па одлучете се за вода, чај од билки, јаткасти плодови, наместо да посегнувате по слатки работи и засладени пијалаци.
Останете доследни
Доследноста е клучна кога се во прашање продуктивните работни паузи. Ваквите паузи нека бидат несомнен дел од вашиот работен ден, токму како што е тоа случај со вашите работни задачи. Со текот на времето ќе сфатите дека со овие паузи ја подобрувате концентрацијата, продуктивноста и задоволството од работата.
Бидете свесни за тоа дека успехот не е во работењето нон-стоп. Станува збор за имање на сенс кога треба да направите пауза, да се освежите, а потоа и работата да ја завршите со нови сили. Значи, следниот пат кога ќе навлезете длабоко во работата, немојте да бегате од паузата. Прифатете ја, оптимзирајте ја и следете како ги зајакнува вашите достигнувања.
Извор: BIZLife.rs

