Како да влијаете на луѓето без притисок? Суптилни методи кои ги користат врвните лидери
Кога размислуваме за харизмата и влијанието, обично се фокусираме на големите говори и моќните зборови. Меѓутоа, вистината е дека вистинскиот авторитет се гради „меѓу редови“.
Комуникацијата е многу повеќе од она што го изговарате, тоа е игра на невербални сигнали со кои на другите им кажувате дали сте лидер или само некој кој многу зборува.
Како да добиете почит и да влијаете на луѓето, а да не делувате напорно? Еве 10 суптилни психолошки методи кои тегот на вагата ќе го натежнат во ваша корист.
1. Побарајте мала услуга (ефектот на Бенџамин Френклин)
Науката потврдила една необична работа: луѓето повеќе не сакаат кога тие ни прават услуга. Тоа се нарекува „ефектот на Френклин“. Ако од колегите го позајмите пенкалото или го прашате за бројот на телефон на некој клиент, тој потсвесно ќе започне да размислува позитно за вас.
2. Техника „нога во врата“
Ова е надоградба на претходниот трик. Започнете со мало барање на кое личноста со сигурност ќе се согласи. Кога еднаш ќе кажат „да“, многу е поголема шансата дека ќе се согласи и на следното, поголемо барање, бидејќи психолошки веќе се обврзале на соработка со вас.
3. Понудете избор, но ограничен
Луѓето го мразат чувството нешто да им е наметнато. Наместо да кажете „Направи го тоа вака“, понудете две опции кои ви се прифатливи. Кога човекот сам ќе избере, тој чувствува контрола, отпорот се намалува, а соработката расте.
4. Тишината како најсилен адут
Лидерите немаат потреба да ја пополнат секоја секудна од тишината. Во преговорите, паузата е моќно оружје. Луѓето често се чувствуваат непријатно во тишина, па започнуваат да зборуваат повеќе од што планирале и откриваат информации кои инаку не би ги откриле, само за да ја „победат“ тишината.
5. „Микро – пауза“ пред одговорот
Кога некој ќе ви постави прашање, почекајте две до три секунди пред да одговорите. Тоа испраќа сигнал дека внимателно сте слушале и дека одговорот ви е промислен. Тоа гради доверба и покажува дека не реагирате имплусивно.
6. Правилото од 30 секунди
Нашиот мозок може да задржи само неколку клучни идеи одеднаш. Долгите објаснувања ја разводнуваат вашата порака. Обидете се своите мисли да ги изнесувате во кратки „налети“, една до две реченици, идеално под 30 секунди. Јасноста е сестра на убедливоста.
7. Не влегувајте во клинч
Ако вас некој ве предизвикува или напаѓа, спротиставете му се на нагонот да возвратите со иста енергија. Смиреноста во момент на туѓа агресија е најбрзиот начин да ја задржите контролата. Кога нема да се „фатите на мамката“, туѓите аргументи губат сила, а вие делувате како личност која владее со ситацијата.
8. Боја на гласот и темпо
Луѓето ги доживуваат соговорниците посамуверено кога зборуваат цврсто, со понизок тон и кога речениците завршуваат со рамна интонација (без оној прашален тон на крајот). Исто така, пребрзото зборување оддава нервоза, додека пребавниот може да делува здодевно. Умереното темпо е клучот на довербата.
9. Кимајте со главата додека Вие зборувате
Сите знаеме дека кимањето со глава додека другите зборуваат покажува дека слушате. Но, обидете се благо да кимнете со главата додека вие ја изнесувате својата идеја. Тоа му испраќа потсвесна порака на слушателот: „Согласи се со мене. Ова што го зборувам е точно.“ Бонус: ова и вам ви ја подигнува самодовербата додека зборувате.
10. Вие завршете го разговорот први
Применете го старото правило на забавата: „Замини додека трае најдоброто“. Кога вие први ќе го приведете разговорот до крај, оставате впечаток дека сте личност која го цени своето време и која ги држи конците во рацете. Оставете ги со желба да слушнат уште, а не со чувство на олеснување дека конечно сте завршиле.
Извор: BIZlife/К.Ј.

