ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Како треба да се исплати платата на работниците?

На платформата „Мој труд, мои права“ едно од најчесто поставуваните прашања е “Како треба да се исплати платата ?“.

Одговорот е следен: 

„Работодавачот е должен на работникот да му ја исплати платата на начин утврден со закон. При секое исплаќање на платата, работодавачот е должен да му издаде на работникот (до 31 јануари во новата календарска година) писмена пресметка на платата, придонесите од плата и надоместоците на платата за платниот период, односно за изминатата година, од кои, исто така, се гледаат и пресметката и плаќањето на даноците и придонесите.
Трошоците во врска со исплатата на платата се на товар на работодавачот“.