Светот на работникот

Кој може да користи младински додаток?

Фејсбук статус на Конфедерација на слободни синдикати: 
Знаеш ли дека?
Младински додаток може да користи младо лице кое е осигурано и вработено на работна позиција со претежна производствена дејност или самовработено со претежна производствена дејност.
Линк до Националната класификација на дејностите – НКД Рев.2 – претежно производствена дејност: https://www.stat.gov.mk/KlasifikaciiNomenklaturi.aspx?id=2
Коалиција на младински организации СЕГА ја спроведува Националната кампања „Право на младински додаток – Информирај се за твоите работнички права“ во периодот од 12 август – 31 декември 2021 година.
Кампањата има за цел информирање на младите и работодавците за корисноста и придобивките од законот за младински додаток и да придонесе кон негова подобра примена.