Премиерот Димитар Ковачевски, министерот Крешник Бектеши и директорот на Пазарната инспекција, Горан Трајковски, посетија еден скопски маркет за да ги проверат цените.
Од денеска со одлука на Владата цените на млечните производи и на тестенините треба да се поевтини 15, односно 10 проценти. Според одлуката, цената на тестенините се намали 15, а на млечните производи 10 отсто, и ќе важи до 31 мај.
Државниот инспекторат најави дека од утрово на терен ќе контролира дали се почитува владината одлука и потсети дека казните за непочитување се движат од 800 до 10 илјади евра.