Колку ќе поскапи струјата од Нова година?!
Поскапување на струјата од Нова година ќе има, но не се знае колкаво. Опозицијата вели дека струјата ќе поскапи до 40 отсто, власта уверува дека ќе биде околу 10 отсто. Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски не сака да лицитира со бројки пред да се направат пресметките.
Најголем дел од сумата што граѓаните ја плаќаат за струја одат за државниот производител ЕСМ и за Електродистрибуција, фирма ќерка на ЕВН. За обновливи извори оди околу 7 отсто од сметката, а за ЕВН Хоум околу 10 отсто. Најмал дел завршува кај државниот преносен оператор МЕПСО.
Ќе расчлениме една сметка од 2000 денари, за да видиме по колку пари оваа година завршуваат кај секоја од енергетските компании. Според поскапувањата на струјата која секоја од компаниите ги побарала, можеме приближно да пресметаме и колкаво би било поскапувањето за наредната година. Ако се одобрат сите поскапувања што ги побарале енергетските компании, сметката наместо 2000 ќе биде над 2800 денари, односно поскапување од над 40 отсто. Сепак, Регулаторната комисија за енергетика може да не им ги одобри поскапувањата.
Целата анализа тука.

