КОНЕЧНО ДОБРИ ВЕСТИ! На чекор до победа над коронавирусот
Бројот на лица вакцинирани против корнавирусот го преминал бројот на заболени, рекол Тедрос Гибриејсус.
Тој ја поздравил оваа вест и истакнал дека се сите вакцинирани од дест земји и ги повикал оние коишто ги вакцинирале вискоризичните групи да ги поделат вакцините со другите.
Гибриејсус на прес – конференција дека бројот на вакцнинирани ја преминал бројката на заболени од Ковид – 19 и дека се тоа добри вести и исклучително достигнување во толку краток период.
Меѓутоа, тој напоменал дека повеќе од три – четвртини од вакцните ги добиле граѓаните во десет земји кои сочинуваат 60 % од светскиот Бруто домашен производ.
Поради тоа ги повикал земјите кои веќе ги вакцнирале високоризичните групи, како здравствените работници и постарите, да „ги поделат вакцините“ со другите земји. Ова е најдобар начин да се заштити остатокот од светското население, истакнал тој.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги признала, повторните, можни пропусти во набавка на вакцините, но истовремено порекува дека се предоцна нарачани и предупредува дека ЕУ мора да се подготви за сценарио во кое вирусот нема да може да се сузбие со актуелните вакцини.
„Да ги спознаевме порано тешкотиите на масовното производство, тогаш порано на сите нивоа, би ги намалиле преголемите очекувања за брза вакцина“, навела фон дер Лајен во авторскиот текст за „франкфуте алгмејне цајтунг“.
Истакнала дека е неопходно да се вршат подготовки за сценариото во кое вирусот нема да може да биде сузбиен со актуелните вакцини и додала дека поради тоа ЕУ има тесна соработка со науката и индустријата, за да побрзо се развијат вакцини против идните соеви на коронавирусот.
Како поука од пропустот минатата година рекла дека би требало да се прошират капацитетите во производството во Европа.
Гибриејсус објаснил дека што подолго се чека на вакцинација на ризичните групи ширум светот, толку повеќе вирусот ќе има можности да мутира и да го избегне делувањето на вакцините.
On je napomenuo da skoro 130 zemalja na svetu u kojima ukupno živi 2,5 milijardi ljudi još uvek treba da administriraju prvu dozu vakcine.
Тој спомена дека речиси 130 земји во светот во кои вкупно живеат 2,5 милијарди луѓет сеуште треба да ја администрираат првата доза на вакцината.
Генералниот директор на СЗО повикал на масовно производство на вакцините против вирусот и рекол дека смета дека фармацевтските компании ширум светот би требало да помогнат една на друга за да можат да го поддржат таквото производство. Тој рекол дека и компаниите би требало да издаваат лиценци кои на другите производители би им овоможиле да ги произведат нивните вакцини.
Размената на информации и податоци би можела да овозможи моментална употреба на неисокристените капацитети и да помогне во изградба на дополнителни производствени погони, особено во Африка, Азија и Латинска Америка, истакна Гибриејсус.

