МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

КСС денеска излегува на протест: Прекршувањето на работничките права мора да престане!

Денеска ќе се одржи протестот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија  – КСС. Поддршка за протестот стигна од сите грански синдикати на КСС, Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија – УНАСМ, граѓански организации и политички партии.

Поддршка за протестот КСС доби и од страна на Меѓународната конфедерација на синдикати – ИТУК, каде што синдикатот членува на светско ниво, од каде што изразија загриженост за системскиот притисок и нападот врз синдикатите, членовите и претставниците на КСС кој се рефлектира во мобинг, вознемирување и откази. 

„Во овој контекст, презедовме мисија за откривање факти и солидарност во февруари 2020 година и продолжуваме да работиме заедно со КСС за изготвување на жалба до Комитетот за слобода на здружување на МОТ против кршењето на Конвенцијата 87 на МОТ од страна на владата на Северна Македонија“, стои во писмото на ИТУК.

Изразија загриженост и за фактот дека на КСС му беше скратено целосното вклучување во процесите на националниот социјален дијалог поврзани со развојот на трудот и економската политика, заштитата и подобрувањето на правата и интересите на членовите на синдикатот, како и интересите на сите работници и граѓани на Македонија. 

Таквиот дијалог, велат од ИТУК, е особено од витално значење денес, бидејќи Македонија, како и другите земји, се соочува со предизвиците од здравствено – економската криза. 

„Ние разбираме дека иако може да се забележат одредени подобрувања во односите меѓу различните синдикални организации на земјата, дискриминацијата кон КСС од државните органи продолжува и притисокот не е запрен“, велат од ИТУК. 

Наведоа дека една од постојаните повреди кон КСС се однесува на членовите на  Самостоен синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија на Република Македонија – ССЕРИ  чиешто членство во синдикатот беше прекинато по административно пат и беа префрлени во друг синдикат активен во секторот; оние кои го оспорија тоа мешање беа преместени на работни места во оддалечени делови во државата и се соочија со друг притисок и дискриминација.

Од ИТУК истакнаа дека КСС апелирала до инспекторатот за труд и иницирала судска постапка во соодветниот суд. Судот донел одлука во корист на членовите на КСС и со тоа го препознал прекршувањето на слободата на здружување и одлучи сите работници кои беа префрлени во друга синдикална организација да се вратат како членови на ССЕРИ при КСС, но пресудата не била имплементирана во пракса. 

„Во овие услови КСС одлучи да направи мобилизација на 15- ти  април  и од властите за да побара почитување на слободата на здружување и синдикалните права на членовите на КСС. Оваа прилика ја користиме да покажеме солидарност и поддршка за вас и вашите членови во борбата за заштита на основните синдикални права и слободи, законите и унапредувања на сите права и интереси на работниците и граѓаните на Македонија“, велат од ИТУК.

Бобан Илијевски