КСС учествуваше на конференција на тема: „Синдикална потрошувачка кошница – Колкави се трошоците за достоинствен живот?”
Фејсбук статус на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија:
📣На 01.12.2025 година во Подгорица, Црна Гора се одржа конференција со наслов „Синдикална потрошувачка кошница – Колкави се трошоците за достоинствен живот?“, која беше организирана од страна на Унијата на слободни синдикати на Црна Гора со поддршка од Solidarity Center.
📍Претставниците на КСС, Васко Перчаковски и Орце Коцевски, учествуваа на конференцијата каде беа отворени неколку клучни и суштински прашања за стандардот на граѓаните:
✅Дали растот на платите реално го следи растот на трошоците за живот?
✅Дали синдикалната потрошувачка кошница се користи како основа при креирањето јавни политики?
🌐На конференцијата присуствува претставници од надлежните министерства и институции од регионот, како и синдикални претставници од репрезентативните национални синдикални централи, меѓу кои и од Македонија.

