ПравдаСветот на работникот

„Лимак“ под надзор на Инспекторатот за труд, по протерувањето на странските работници

„Лимак“ и мултифункционалниот проект Diamond of Skopje се под надзор на Државниот инспекторат на труд, откако минатиот месец на градилиштето зад Рамстор во центарот на Скопје од полицијата без затекнати повеќе десетици странски работници без регулиран престој. 

На прашањето од „Фактор“ дали се пријавени и домашни работници кои се ангажирани и под какви услови работеле кај светски познатиот холдинг, од Инспекторатот велат дека се утврдува фактичката состојба и дека јавноста ќе биде дополнително известена по превземените мерки. Од таму додаваат дека работниот статус на ангажираните на градилиштето кај „Стара железничка“ им се утврдувал и во Агенцијата за вработување, а на тапет се четири работодавачи.

Повеќе на Фактор.мк