ПравдаСветот на работникот

Левица: Платите во музеите доцнат, надлежните си ја префрлаат вината!

Фесјбук статус на Трудовиот сектор на Левица:
 
ПЛАТИТЕ ВО МУЗЕИТЕ ДОЦНАТ, НАДЛЕЖНИТЕ СИ ЈА ПРЕФРЛААТ ВИНАТА!
До Левица стигнаа поплаки од вработените во музеите низ државата, во однос на остварувањето на нивните работнички права.
Имено, на вработените на определено време во музеите не им е исплатена плата уште од месец ноември 2020 година, иако тие континуирано ги извршуваат своите работни обврски. Овие работници се ставени во дискриминирачка позиција поради фактот дека добиваат двојно помала плата од своите колеги, кои што ги извршуваат истите работни обврски, но имаат потпишано договор на неопределено работно време!

Покрај тоа што не им се исплаќа заработената плата, на овие работници не им се овозможува ни здравствено и пензиско осигурување поради несериозниот пристап од страна на

Министерство за култура / Ministria e Kulturës и министерката Ирена Стефоска, кои што наместо да превземат конкретни дејствија, тие се само пасивни набљудувачи на проблемите на овие работници.
Ова е класична експлоатација на работна сила и злоупотребување на луѓето кои што посветено ги извршуваат своите обврски и мора да има одговорност за оние кои што го дозволуваат тоа!
Политичката партија Левица дава целосна и безрезервна подршка за работниците вработени на определено работно време во музеите и бара итно постапување по нивните барања!
Левица во исто време ја осудува пасивноста на министерката Ирена Стефоска и од неа бара итно изнаоѓање на решение со кое ќе се заврши голготата на овие лица, во спротивно ќе бидеме приморани да превземаме далеку поекстремни мерки со цел работниците да ги остварат своите права и побарувања!
 

ПЛАТИТЕ ВО МУЗЕИТЕ ДОЦНАТ, НАДЛЕЖНИТЕ СИ ЈА ПРЕФРЛААТ ВИНАТА!

До Левица стигнаа поплаки од вработените во музеите низ…

Posted by Левица – Трудов сектор on Wednesday, February 10, 2021