ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Бројката на невработени лица од 55 до 59 години е над 20,000. Како овие луѓе ќе дојдат до работа?

Податоците на Агенцијата за вработување за месец март 2021 година покажуваат дека според возраста, најмногу без работа се лица од 55 до 59 години – 20,177 лица. Блиску до нив се лицата на возраст од 50 до 54 години, од кои 16,823 лица биле невработени. Трети се лицата од 60 години па нагоре – 16,510. Од друга страна, невработеноста според општините, во март месец најмногу забележала раст во Скопје, Тетово, Куманово и Гостивар, а најмал раст во Кратово, Демир Хисар и Валандово. 

Според податоците од Агенцијата за вработување, заклучно со 31 март имало 145, 327 невработени, од кои гледано според возраста на невработените, 3,164 се на возраст од 15 до 19 години; 14,260 од 20 до 24 години; 15,331 од 25 до 29 години; 14,704 од 30 до 34 години; од 35 до 39 години, невработени биле 13,803 лица; 14673 од 40 до 44 години; 15,882 од 45 до 49 години; 16,823 од 50 до 54 години; 20,177 од 55 до 59 години, додека од 60 години па нагоре 16,510 лица биле невработени.

Гледано според податоците од центрите за вработување во 30 -те општини на територија на Македонија, најмалку невработени има во Кратово – 650, Демир Хисар – 827 и Валандово – 960 невработени. Од друга страна, најмногу невработени има во Скопје – 28,112, Тетово 19,057, Куманово – 15,470 и Гостивар – 10, 740 невработени.

Владата го донесе Оперативниот план за вработување за 2021 година кој предвидува обука и доквалификација на невработените, меѓу другите мерки. 

„Невработените лица ќе посетуваат обуки што ќе траат три месеци за што ќе добиваат месечен надомест во износ од 9 000 денари, а обучувачите по 30 000 денари. Откако обуката ќе заврши лицата ќе се стекнат со соодветни вештини и знаења во наредните 10 месеци тие ќе обезбедуваат грижа за лицата со попреченост и лицата со хронични болести и за тоа ќе добиваат месечен надомест од 30 780 денари. Со оваа мерка планирано е да бидат опфатени 150 лица“, појасни Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. 

Извор: Агенција за вработување

Бобан Илијевски

Фото: energepic.com/Pexels