Светот на работникот

Лукаревска на состанок со „Гласен Текстилец“: Заедничка е заложбата за соработка во поглед на работничките права

Фејсбук статус на Сања Лукаревска:
 
🪡🧵Одлични сугестии, многу дискусии и нови предлози за да се преточат во закон ,како дел од денешната средба со Кристина Ампева и нејзиниот тим од Здружението за заштита на работнички права, “ Гласен текстилец “.
🤝Заедничка е нашата заложба за соработка и партнерски однос во борбата со сивата економија ,особено во делот на непријавени работници и неисплатени плати кај компаниите од текстилната индустрија .
Несомнено тука е битна и улогата на Државниот инспекторат за труд со кој спроведовме повеќе контроли кај оваа целна група.
Гласот на работникот е гласен токму преку “ Гласен текстилец “.