Светот на работникот

Не е само знаењто пресудно: Оваа особина може да ви донесе поголема плата

Многумина веруваат дека за напредување во кариерата и поголема плата пресудни се прекувремената работа, постојаното надминување на очекувањата и поагресивен пристап кон деловните прилики. Сепак, истражувањето на економистите од Универзитетот во Кембриџ покажува дека на висината на платата значајно влијае и нашата личност.

Студијата се заснова на теоријата „Големите пет“ особини на личноста, според која карактерот на поединецот се опишува низ пет димензии – отвореност, совесност, екстравертност, пријатност и невротицизам. Иако секоја од нив може да влијае на професионалниот развој, истражувачите заклучиле дека токму совесноста е најсилен показател на поголеми приходи.

Луѓето со изразена совесност во главно се опишуваат како одговорни, организирани и сигурни. Тие полесно поставуваат цели, истрајни се во нивното остварување и ефикасно располагаат со времето, поради што работодавачите често ги гледаат како вредни и сигурни вработени.

Истражувачот Веилонг Зенг наведува дека совесноста претставува голема предност на пазарот на труд, бидејќи е поврзана не само со повиските приходи, туку и со помал ризик од невработеност. Исто така истакнува дека емоционалната стабилност е уште една особина која работодавачите особено ја ценат, бидејќи им овозможува на вработените подобро да се носат со стресот и предизвиците на работа.

Зошто премногу пријатни луѓе можат да бидат во лоша позиција?

Иако пријатноста е особина која ја олеснува соработката и градењето на добри односи, таа може да претставува препрека кога ќе дојде време за разговор за платата.

Лицата кои избегнуваат конфликти често се помалку склони кон преговарање и полесно ги прифаќаат понудените услови, дури и кога постои простор за подобра понуда.

Зенг предупредува дека жените, кои во просек покажуваат поголемо ниво на пријатност, можат да се најдат во дополнително неповолна позиција, бидејќи често се доживуваат како помалку одлучни преговарачки, додека вредноста на нивната пријатност неретко се прооценува поинаку од таа на мажите на пазарот на труд.

Платата не зависи само од вештините

Иако идеално би било платата да зависи исклучиво од знаењата и компетенциите, пазарот на труд е многу посложен. Самодовербата, организираноста, амбицијата, но и начинот на кој се претставуваме во деловното опкржување, често имаат значајно влијание на професионалниот успех.

Добрата вест е дека совесноста може да се развива. Прифаќањето на повратни информации, подобрата организираност на работата и вложувањето во квалитетни односи со колегите може да помогне со текот на времето да изградиме навики кои се поврзуваат со поголем успех и поголема плата.

Извор: BIZLife