Светот на работникот

Луѓето масовно ја напуштаат работата за поголема плата и подобри услови: Како вие да постапите исправно?

Силното опоравување на работните места натерало многу работници да се збогуваат од своите работодавачи. Ова во главно го правеле, бидејќи барале работни места кои нудат поголема флексибилност или поголеми плати.

Во јуни речиси 4 милиони работници ги напуштиле своите работни места, покажува едно истражување кое се однесува само на еден дел од светот. Но што се однесува до самото напуштање на работното место, тоа би требало да биде повеќе од влегување во канцеларијата на шефот и извикување: „Давам отказ“.

Начинот на којшто го напуштате вашето моментално работно место може да влијае врз вашата кариера. Затоа, еве како тоа да го направите исправно:

Кажете му прво на вашиот шеф

Иако имате желба прво со пријателите на работа да ја споделите својата одлука, вашиот шеф сепак е првата личност која треба да слушне за вашето заминување. Луѓето кои ве вработиле треба да имаат и прилика и да разберат и добијат информации и евентуално да направат план.

Дајте мало известување (доколку е тоа можно)

Известувањето за вашето заминување најмалку две недели е нешто што станало општоприфатена норма. Предупредувањето им помага на менаџерите да ги сфатат работите како што се префрлањето на вашите работни задачи, да бидат во тек со статусот и да ги информираат клиентите. Иако не е потребно да се дава големо известување, сепак наглото заминување може да има негативни последици, како што се оставање на лош впечаток и можност сорабитниците да се прашуваат што се случило.

Писмо за оставка

Ако ве замолат за писмен отказ, нека биде краток: заблагодарете му се на работодавачот за приликата и наведете кога ќе ви биде последниот ден на работа. Меѓутоа, ако има елемент на правен тип, тогаш посоветувајте се со адвокат. Подоцна се може да се искористи против вас.

Помогнете при преминувањето

Кога ќе ја објавите веста за вашето заминување, имајте во план да му помогнете на вашиот шеф во преминувањето по вашето заминување. Понудите предлози за тоа кој колега би можел да ве замени.

Останете позитивни

Обидете се да останете срдечни и продуктивни со колегите во текот на преостанатото време. Никогаш не знаете кога патиштата би можеле да ви се вкрстат повторно. Обратете им се на своите клиенти и колеги со кои сакате да го продолжите односот и замолите ги да се напиете кафе или да одите на ручек пред да заминете.

Не се двоумете

Иако со часови сте размислувале за да заминете, вашиот шеф сепак би можел да се обиде да ве задржи. Ако веќе сте заклучиле дека заминувате и сте прифатиле друга понуда, бидете директни. Нека биде кратко и слатко. Ако почнете да зборувате повеќе, тоа ќе делува како да „ја оставате вратата отворена“.

Извор: Бизнис Телеграф

Фото: Shutterstock