Левица: Вицепремиерот заборава на тоа дека граѓаните имаат слаба куповна моќ поради инфлацијата
Фејсбук статус на трудовиот сектор на Левица:
Нов ден, нови манипулации од страна на вицепремиерот Битиќи!
Ноторна лага и подла манипулација е дека просечната плата во Република Македонија расте, особено не поради добрите политики на Владата!
За номиналниот пораст на платите, главно има две причини:
Првата е поради огромниот број на работници кои ги загубија своите работни места, а кои заработуваа минимална плата или приближно на минимална плата, со што по нивните откази просечната плата фиктивно се зголеми.
Втората причина за нејзиното „зголемување“ се енормно високите плати на менаџерите и раководните структури со што го подигаат вкупниот просек на платите.
Исто така вицепремиерот „случајно“ заборава да спомне колкав е растот на цените, односно инфлацијата со што се помала е куповната моќ на граѓаните, односно парите имаат се помала вредност.
Срамно е однесувањето на Битиќи што на грбот на избрканите работници прави лична промоција и плитко политикантство.


