ПравдаСветот на работникот

Договорите на определено време и спогодбените откази оставија на улица 12.000 работници

Вработените на определено време најмногу ги погоди економската криза предизвикана од пандемијата на ковид-19. Тие се најбројни меѓу работниците кои последнава една година го изгубиле работното место. Веднаш зад нив се вработените кои потпишале спогодбен отказ. Според невладините организации, кои ги штитат работничките права и синдикатите дискутабилно е колку овие спогодбени откази се навистина спогодбени.

Анализата што ја направи Агенцијата за вработување за весникот ВЕЧЕР овие два начина на одјавување на вработени буквално оставија на улица околу 12 илјади работници, што е дури 63 проценти од вкупно 18.174, кои останале без работа во периодот на пандемијата, односно од 11 март лани до крајот на минатиот месец. Договорите за работа не им се продолжени на 7.571 лица (41,7%), а на спогодбено прекинување на работниот однос се согласиле 4.198 лица (23,1%).

Повеќе на Вечер.прес