Останато

Маж заработил милиони прислушкувајќи ја сопругата додека работела од дома

Комисијата за хартии од вредност (SEC) го обвинила Тејлор Лудон дека заработил речиси два милиони долари тргувајќи со доверливите информации кои ги слушнал додека неговата жена, која била вработена во британската нафтена компанија „British Petroleum“, телефонирала кога работела од дома.

Како што се наведува, Лудон ги злоупотребил „условите за работа на далечина“ и профитирал од доверливите информации во врска со плановите на „British Petroleum“ за да купи туристички центар во Охајо, пренесува Гардијан.

Од SEC наведуваат дека тој ги преслушкувал неколкуте повици кои неговата сопруга ги водела додека работела во куќната канцеларија во Тексас.

Откако ги дознал доверливите информации, Лудон купил повеќе од 46,000 акции во „TravelCenters“, без да знае неговата сопруга, неколку недели пред договорот за купување да биде објавен на 16 февруари 2023 година.

Тој, потоа, ги распродал сите свои акции, остварувајќи профит од 1,8 милиони долари.

Лудон на крајот ѝ признал да својата сопруга што направил, велејќи ѝ дека ги купил акциите бидејќи сакал да заработи доволно пари за да таа не мора повеќе да работи прекувремено.

Меѓутоа, таа им пријавила на шефовите во BP, по што била отпуштена, и покрај тоа што компанијата немала доказ дека свесно му одавала информации на својот сопруг.

На крајот се иселила од заедничката куќа и поднела барање за развод.

Извор: Tanjug