Минималната плата голем удар за занаетчиите
Охридските занаетчии кои последниве две години по ударот на пандемијата се во лоша состојба сметаат дека покачувањето на минималната плата ќе им биде дополнителен товар. Од регионалната занаетчиска комора велат дека ваквата одлука ќе го намали бројот на занаетчии во градот, а особено ќе бидат погодени малите занаети кои едвај ги покриваат тековни трошоци.
Со воведувањето недела неработен ден исто така погодени се знаетчиите особено оние кои се атрактивни за туристите. Богоески вели дека занаетчиите самоволно треба да одлучат дали ќе работат во недела, со оглед на тоа што тие немаат вработени туку самостојно ја извршуваат дејноста.
Тие остануваат на ставот законот за недела неработен ден да не важи за Охрид како туристички центар, ова свое барање како што најавија ќе го произнесат и пред Министерството за труд и социјална политика.
Извор: Сител

