Мора ли изборот помеѓу кариерата и семејството да биде бинарен?
Наоѓањето на вистинската рамнотежа за тоа кога да се даде фокус на кариерата, а кога на семејството е многу субјективно прашање. Семејството и работата претставуваат важни делови од нашиот живот. Не е возможно да ги гледаме како паралелни линии кога истите се многу често испреплетени. Не само што во голема мера работата ја „носиме“ дома, туку многу често се случува и обратната ситуација.
Затоа е важно каде и да сте, да бидете присутни. Кога сте на работа, не опседувајте се со фактот дека би можеле да бидете со семејството. Кога сте со семејството, обидете се да не размислувате за тоа колку работа ве чека. Кога го правите ова, ја одземате енергијата од она што е пред вас, ви го одзема моменталниот фокус и задоволство во моментот.
Покрај тоа, без разлика на тоа што сакате да балансирате во вашиот живот, важно е во целиот процес да се грижите за себе. Преку грижата за себе и времето кое го поминувате сами, ќе можете да ги „наполните батериите“ за целосно да се вклучите во секојдневниот живот. Најважно е од сè е да се ослободите од чувството дека треба да сте „растргнати“ на сите страни одеднаш или пак да чувствувате грижа на совест или вина. Напротив, овие негативни емоции само ви ја замаглуваат перспективата, ве исцрпуваат. Обидете се да ги контролирате своите емоци, некогаш дури и со рационално размислување, отфрлете чувство на грижа на совест или вина и веднаш ќе се чувствувате подобро. Многу е важно да не заборавите дека го правите најдоброто што можете!
Тимот на Јуридика

