Останато

Надоместок на плата за скратено работно време во посебни случаи

Надоместок на плата за скратено работно време во посебни случаи
Законот за работните односи предвидува намалување на работното време на вработен кој има дете со развојни проблеми и посебни образовни потреби. Еден од родителите на дете со развојни проблеми и посебни образовни потреби има право да работи со половина од полното работно време ако двајцата родители се во работен однос или ако родителот е самохран, врз основа на наод од надлежна лекарска комисија, ако детето не е сместено во установа за социјално-здравствено згрижување.
Правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на детето со попреченост и најтешки облици на хронични заболувања, утврдено со Законот за работните односи, родителот го остварува во центарот за социјална заштита, без оглед на возраста на детето.
Висината на надоместокот на плата изнесува 50% од просечната нето плата на родителот за претходната година, но најмногу до 50% од просечната нето плата во Република Македонија за претходната година, објавена од Државниот завод за статистика. Придонесите за задолжително социјално осигурување за висината на надоместокот се пресметуваат и плаќаат согласно со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.
Начинот за остварување на правото на надоместок на плата за скратено работно време, образецот на барањето и документацијата за остварување на правото го пропишува министерот за труд и социјална политика.
Тимот на Јуридика