Најбогатата држава на светот која туристите упорно ја заобиколуваат! Плата 3,500 евра, превозот бесплатен – Еве во што е работата (ВИДЕО)
Мало, но моќно, веројатно би бил најлесен начин да се опише Големото Војводство Луксембург. Ова ќоше од Европа кое се граничи со Германија, Франција и Белгија често е занемарено од многу патници, кои се привлечени од многу поголеми и попознати дестинации. Но оние кои му даваат шанса често се изненадени колку разноликост, историја и квалитет на живот може да се спакува на толку мал простор.
Тоа е земја со три официјални јазици, германски, француски и луксембуршки, кои се користат во зависност од контекстот и ситуацијата, што дополнително го нагласува нејзиниот мултикултурен карактер. Според податоците на ММФ за 2024 година, Луксембург е најбогата зема на светот.
БДП по глава на жител е исто така највисок во Европската унија и изнесува околу 90,900 евра, што е значајно над европскиот просек од 35,500 евра.
Според податоците на Евростат, просечната годишна нето плата е 42,482 евра, односно околу 3,540 евра нето месечно.
Го нема раскошот на Париз, ја нема историската тежина на Рим, го нема туристичкиот метеж како Барселона. И токму затоа Луксембург останува едно од последните места во Европа кое можете да го доживеете без филтер и без гужва.
Ова не е дестинација која се наметнува. Се открива пополека, речиси случајно, и остава впечаток кој трае многу подолго од што би очекувале од толку мала земја.
На граница помеѓу реалноста и бајката
Главниот град на Луксембург како да е изграден на граница помеѓу реалност и бајка. Неговиот стар дел, кој е под заштита на УНЕСКО, се наоѓа на карпи кои стрмно се спуштааат во долини полни зеленило.
Мостови ги поврзуваат различните нивоа на градот, додека под нив се наоѓаат паркови и шеталишта кои делуваат како скриен свет.
Додека шетате по овие улици, добивате чувство дека историјата не е зад вас, туку насекаде околу вас. Средновековните тврдини и модерните стаклени згрди не се судруваат, туку коегзистираат во необична, но совршена функционална усогласеност. Една од првите нешта кои го изненандуваат секој посетител е јавниот превоз во Луксембург кој е целосно бесплатен. Нема билети, нема контрола, нема размислување за зоните и цените. Само влегувате и безгрижно се возите.
Во земјата во која стандардот е меѓу највисоките во светот, оваа одлука не е донесена од нужност, туку од визијата животот да се направи поедноставен, а просторот поудобен за сите. Токму тоа го чувствувате на секој чекор.
Градот не е затрупан со автомобили, луѓето се движат опуштено, а вие, како турист, добивате ретка привилегија да истражувате без никаков логички товар. Роберт Дацешин, патописец од Бањалука, кој неуморно го истражува светот, го објавил своето искуство од Луксембург на YouTube.
Без кич или луксуз
Иако е една од најбогатите земји на светот, Луксембург тоа не го покажува преку кич или луксуз на секој чекор. Финансискиот сектор ја сочинува основата на економијата, но земјата сѐ повеќе се развива и во областите на технологијата, логистиката, па дури и вселенската индустрија. Сѐ функционира тиво, ефикасно и речиси незабележливо.
За посетителите најважно е она што произлегува од тоа, безбедност, уредност и чувство дека сте на место каде што сисетемот функционира.
Надвор од престолнината, Луксембург ја открива својата најубава, речиси филмска страна. Замоци се раштркани ширум земјата, а меѓу нив се истакнува замокот Вианден, надвиснувајќи се над долината како сцена од некоја заборавена легенда. Но она што ова искуство го прави посебно не е само убивната, туку и отсуството на гужва. Можете да стоите на врвот на тврдината и да го слушате ветерот, а не гужва. Можете да шетате по камените ходници, а да не се чувствувате како да сте дел од туристичката колона.
Недалеку, регионот Мала Швајцарија (Луксембург) открива потполно поинаков пејсаж, со чудно обликувани карпи, густи шуми и стази кои како да водат во друга димензија.
Европа каква што ретко се доживува
Луксмебург е место каде Европа и понтаму се чувствува хармонично. Мултикултурализмот не е тема на разговор, туку секојдневна појава. Јазиците се мешаат, културите се преплетуваат, а разликите не се истакнуваат, тие едноставно постојат.
Нема потреба за прилагодување, само бидете љубопитни.
Во тој простор помеѓу познат и нов, Луксембург нуди нешто што денес е реткост, чувство на добродојденост, но и слобода да истражувате со свое темпо.
Луксембург можеби никогаш нема да биде на врвот на листата на најпосетени дестинации. Можеби многумина ќе продолжат да го заобиколуваат во корист на поголемите и погласните градови. Но тие кои му даваат шанса ќе откријат донекаде поинакво место кое не се обидува да биде спектакуларно, туку станува такво токму поради тоа што е искрено.
Во сѐ погласниот свет, Луксембург останува ретка тишина која се памети.

